Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»МОК ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2024, меѓу добитниците и Спортско радио 90,3 ФМ
    Домашен микс

    МОК ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2024, меѓу добитниците и Спортско радио 90,3 ФМ

    risteBy riste27/12/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот олимписки комитет (МОК) ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2024 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички. 

    Најуспешна спортистка за оваа година е Милијана Рељиќ, која стигна до четвртфиналето во таеквондо на Летните Олимписки Игри 2024 во Париз, Франција.

    За најнадежна млада спортистка беше прогласена Марија Димовска, која освои прво место во кикбокс маитаи на Светското Првенство во Будимпешта, Унгарија.

    Признанието за женски тренер на годината го поделија Ивана Аврамова (карате) и Жаклина Стојановска (кошарка). 

    За најистакната спортска работничка беше прогласена Соња Спасовска од КФСМ. 

    Федерацијата која покажа посветеност и лидерство во унапредување на родова еднаквост за 2024 година е Фудбалската федерација на Македонија.


    Признанието за најуспешно женско судиско дуо за 2024 година го добија Силвана Карбевска и Марија Илиева во ракомет. 

    Кикбокс маитаи тимот на Македонија беше прогласен за федерација со најголеми успеси.

    Спортски подвиг на годината изведе Радмила Јованова, ултрамаратонка, додека наградата за животно дело ја доби Луиза Гашева. 


    Медиумот кој дава голем допринос во родовата еднаквост во спортот е Спортско радио 90,3 ФМ кое изминатиот период преку неколку проекти стави акцент во својата програма за улогата на жените во спортот.

    Ребека Јанковска Ристески беше наградена за нејзината заложба за деца со попреченост.
    Признанија добија и Црвениот Крст, Волонтерскиот центар Скопје, Интернационалната полициска организација (ИПА) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за нивната поддршка и придонес во спортот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.