Директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо, ги сумираше резултатите од 2024 година за клубот, а зборуваше и за главниот тренер на екипата Карло Анчелоти.
„Тоа беше магична година за нас бидејќи освоивме пет титули. Ова е циклус кој трае долго време, тука сè функционира. Анчелоти го притиска овој тим да се претстави најдобро што може. Конкуренцијата е голема, но ние се стремиме да продолжиме да пишуваме историја, тоа е во нашата ДНК. Имаме многу ѕвезди во тимот. Привилегија е да ги има на располагање сите овие извонредни играчи, Анчелоти е мудар човек и знае како да го извлече најдоброто од секој од нив“, рече Бутрагењо, во своето обраќање на крајот на оваа календарска година.
Во 2024 година, Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, Интерконтиненталниот куп, Суперкупот на УЕФА, Шпанското првенство и Националниот Суперкуп.

