Тимур Дибиров на крајот на сезоната ќе се повлече од терените. Рускиот ракометар кој игра во Загреб, во јули ќе го прослави 42-от роденден.
„Најтешката работа за нас е растојанието. Јас сум со синот во Загреб, Ирина со ќерката е во Ростов. Затоа и одлучив, ќе ја финиширам сезоната и ќе ја завршам кариерата. Сакам да сум блиску до нив, -вели Тумур за „Спорт.ру“.
Левото крило помина речиси една деценија во Вардар и испиша историја бидејќи беше дел од составите кои во два наврата ја освоија Европа.
