Горан Станиќ кој го наследи Драган Канатларовски на кормилото на фудбалската селекција У21, се заблагодари за укажаната чест од страна на челниците на ФФМ.
„Да се биде предводник на репрезентативен состав само по себе претставува голема чест и привилегија. Многу добро знам што ме очекува и максимално подготвено влегувам во предизвикот. Во мојата кариера секогаш сум бил сериозен, професионален и посветен кон работата “ – вели Станиќ.
„Голем дел од фудбалерите веќе се стандардни во своите екипи и имаат стекнато прволигашко искуство. Повеќето од играчите добро ги познавам. Располагаме со квалитет што ни дава за право да се надеваме на добри резултати. Планирам да имплементирам мои методи и принципи на работа во кои цврсто верувам“ – рече Станиќ за сајтот на ФФМ.

