Централниот стопер на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, ја спореди работата на сегашниот тренер, Рубен Аморим и неговиот претходник, Ерик тен Хег. Португалецот неодамна го наследи Холанѓанецот на кормилото на „црвените ѓаволи“.
„Немаат идентичен стил на работа. Тие се сосема спротивни во однос на тоа што сакаат и што бараат. Сите имаме голема верба во тренерот и целиот негов персонал“ – вели Мегваер.
„ Сигурен сум дека работите ќе се променат. Тој точно знае што треба да направи за да го оживее клубот“ – потенцираше фудбалерот од стадионот – „Олд Трафорд“.

