Интернет порталот Трансфермаркт на својата веб-страница го претстави рејтингот на најскапите фудбалери во светот врз основа на резултатите од привремените ажурирања на пазарните вредности.
Најскапите фудбалери во светот се крилото на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд . Двајцата играчи се проценети на 200 милиони евра.
Еве како изгледа листата на 10-те најскапи играчи во светот според Трансфермаркт:
1. Винисиус Жуниор (Реал Мадрид) – 200 милиони евра
2. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 200 милиони евра
3. Ламин Јамал (Барселона) – 180 милиони евра
4. Џуд Белингем („Реал Мадрид) – 180 милиони евра
5. Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 160 милиони евра
6. Букајо Сака (Арсенал) – 150 милиони евра
7. Флоријан Вирц (Леверкузен) – 140 милиони евра
8. Џамал Мусиала (Баерн) – 140 милиони евра
9. Кол Палмер (Челзи) – 130 милиони евра
10. Федерико Валверде (Реал Мадрид) – 130 милиони евра.

