Тренерот на Ливерпул, Арне Слот изјави дека не е загрижен поради фактот што од 1 јануари трите главни ѕвезди на тимот – Мохамед Салах , Вирџил ван Дaјк и Трент Александер-Арнолд – ќе можат да преговараат со други клубови. Холандскиот специјалист смета дека тој се уште ги контролира нивните судбини.
„Мислам дека имам контрола врз она што тие го прават. Откако станав тренер, имав ситуации кога играчите размислуваат да се преселат во други клубови, тоа е нормално. Во моментов, задоволен сум што гледам дека на теренот Вирџил, Трент и Мо го прават она што се очекува од нив, но ќе видиме што ќе се случи понатаму“, рече Слот во изјава за „Скај Спортс“.
Да потсетиме, договорите на сите три ѕвезди на Ливерпул им истекуваат летово. Во моментов играчите на Ливерпул се лидери во Премиер лигата.

