Поранешниот тренер на Порто, Серџо Консеисао, денеска се очекува да пристигне во Милано за да го замени својот сонародник Фонсека на клупата на Милан. Според најавата од Италија, Консеисао ќе пристигне во Милано попладнево, по што ќе замине на ручек со новите работодавци. Потоа заедно со својот стручен штаб ќе замине во спортскиот центар Миланело. Португалскиот тренер на тој начин ќе има можност за прв контакт со клупските структури кои ќе ја сочинуваат неговата работна средина во наредните месеци.
Утре, како што беше споменато, Милан заминува за Саудиска Арабија околу 14 часот, каде што тимот на „росонерите“ ќе игра во Суперкупот на Италија.

