23 годишниот напаѓач Едиз Спахиу е ново засилување за Вардар, а доаѓа од екипата на Тиквеш, каде во изминатата полусезона постигна вкупно 4 голови на 18 натпревари.
Минатата сезона со оваа екипа беше освојувач на Купот на Македонија.
Во ПМФЛ Спахиу има одиграно вкупно 106 натпреаври на кои има постиганто 23 голови.
Покрај екипата на Тиквеш, Спахиу има настапувано и за екипата на Гостивар, како и за младиот тим на Шкендија.
Спахиу има настап и за селекциите на Македонија до 19 и 21 година

