Наполи потврди дека искусниот фудбалер, Марио Руи, си замина од тимот. Дефанзивецот кој седум и половина години беше на стадионот – „Диего Армандо Марадона“, ја немаше довербата на тренерот, Антонио Конте.
Руи пристигна од Рома во почетокот на јули 2018 година и во својата дебитантска сезона покажа дека ќе биде големо засилување за италијанскиот тим.
„Наполи му се заблагодарува на Марио за неговите напори во текот на годините поминати во нашиот дрес и му посакува се најдобро до крајот на кариерата“ – стои во објавата на италијанскиот клуб.

