Шпанскиот и европскиот првак Реал Мадрид размислува да даде втора понуда за Трент Александер-Арнолд во јануари, според медиумите во Англија, вклучувајќи ги Тајмс и Телеграф. Ливерпул, сепак, не сака десниот бек да си замине овој месец, но од друга страна Реал Мадрид се подготвени да ја тестираат решителноста на клубот од „Енфилд“.
Извештаите тврдат дека Шпанците ќе дадат формална понуда, која ќе биде околу 20-25 милиони евра, за да го ангажираат дефанзивецот сега, наместо да чекаат тој да им се приклучи како слободен играч на лето кога ќе му истече договорот со „црвените“. Александер-Арнолд сега е слободен да потпише прелиминарни договори со клубовите од Островот.
Позицијата на Ливерпул, сепак, останува јасна – каква и да е понудата за десниот бек, нема да биде прифатена со оглед на амбицијата на клубот да атакува на титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Затоа веруваат дека ќе биде грешка да се изгуби толку клучен играч на средината од сезоната.
На „Енфилд“ се уште се надеваат дека ќе можат да го убедат Трент, кој е заменик-капитен на тимот, да потпише нов долгорочен договор наместо да му се приклучи на Реал Мадрид со слободен трансфер на крајот од оваа сезона.

