Фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис сака најнапред да разговара со Баерн пред да донесе одлука за иднината.
Договорот меѓу 24-годишниот дефанзивец и клубот од Минхен трае до крајот на оваа сезона. Канаѓанецот најнапред би сакал да преговара со Баерн Минхен.
Според „Релево“, постои голема веројатност за продолжување на договорот, но се уште не е донесена конечна одлука.
Во исто време, Реал Мадрид и понатаму продолжува да се интересира за дефанзивецот.

