Младиот крилен фудбалер на Спортинг, Џовани Куенда, го привлече вниманието на ПСЖ, Ливерпул и двете екипи од Манчестер.
Според одредени наводи, 17-годишниот играч од Португалија може да добие понуди во зимскиот преоден рок. Тој неодамна го собори рекордот на Кристијано Роналдо, со тоа што стана најмладиот играч на дербито во Лисабон меѓу Спортинг и Бенфика.
Куенда во сезонава одигра 27 натпревари на кои постигна два гола и направи три асистенции.

