Фудбалерот на Интер, Дензел Демфрис, со два атрактивни гола му донесе победа на неговиот тим на вчерашниот меч со Аталанта одигран во рамките на полуфиналната рунда во Супер Купот на Италија.
„Многу сум среќен, го контролиравме и првото полувреме, задоволен сум што помогнав со два гола. Играме добро и мора да се фокусираме така да продолжиме“ – вели Холанѓанецот.
Интер кој го брани трофејот, сега ќе го чека победникот од денешната пресметка меѓу Милан и Јувентус. Средбата е закажана во 20.00 часот во Ријад.

