Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, нема намера да се пресели во Саудиска Арабија иако добил неколку атрактивни понуди од финансиски аспект.
Тој сака да се избори за место во селекцијата на Англија и затоа сака да остане на Островот. Брзоногиот голгетер кој е во немилост кај тренерот, Рубен Аморим, не се појави на последните пет средби.
Во меѓувреме се појави информација дека за Рашфорд се заинтересирани и екипи од Турција но, 27-годишниот фудбалер изјави дека е подготвен да остане на стадионот – „Олд Трафорд“.

