Селекторот на нашите ракометари Кире Лазаров, пред СП во Хрвaтска вели дека од 2012 година па се до 2025-та имаме страшен континуитет што многу значи за една мала држава.
„Имаме 14 големи натпреварувања во низа, со што не можат да се пофалат нашите соседи од балканот, тоа е голем резултат и се надевам дека ракометот така ќе продолжи и во иднина“ – изјави Лазаров.
„Имаме позитивни искуства од Хрватска и од 2009 и од 2018 година, се надевам дека така ќе биде и сега. Можам да кажам дека ја сменивме генерацијата, имаме млади и одлични играчи кои допрва ќе го покажат својот квалитет, ракометари кои имаат и карактер“ – изјави Лазаров.

