„Нема шанси да прваиме ротацики за утрешниот меч против Манчестер Јунајтед. Како што кажав пред првиот натпревар, тие имаат многу подобри играчи отколку што покажува пласманот“, вели менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, во очекување на утрешното дерби.
„Црвените ѓаволи“ се во тешка состојба, откако ги загубија последните четири натпревари и се на 14. место на табелата, но Слот не ја потценува противничката екипа и имаше убави зборови за својот колега Рубен Аморим.
„Знаеме каков е притисокот на неговата позиција. Тој се снајде многу добро во Спортинг и има добар состав, па порано или подоцна ќе го извлече најдоброто од своите играчи. Тие сигурно ќе се искачат на табелата“, дополни Слот.

