Најдобар светски играч според ФИФА за 2024 година, Винисиус Жуниор им се извини на соиграчите откако беше исклучен во победата на Реал Мадрид со 2-1 против Валенсија во Ла Лига.
Бразилската ѕвезда во 79. минута доби црвен картон за удаер на противничкиот голман Столе Димитриевски.
„Жал ми е и му благодарам на тимот“, напиша Бразилецот на својот профил на социјалната мрежа Х.
Винисиус Жуниор најверојатно ќе биде суспендиран на неколку натпревари, а Карло Анчелоти најави дека ќе се жалат на црвениот картон.

