Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка на импресивен начин го освои ВТА турнирот во Бризбејн. Во денешното финале, по речиси два часа игра, Сабаленка ја совлада Полина Кудерметова со резултат 2:1 во сетови.
Интересно, на патот до финалето Сабаленка не загуби ниту еден сет, а ги доби средбите против Рената Заразуа, Јулија Путинцева, Марија Бузкова и Мира Андрејева со по 2:0.

