Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дaјк призна дека неговиот тим треба да биде задоволен од освоениот бод во ремито 2:2 со Манчестер Јунајтед.
Според Холанѓанецот, Ливерпул имал среќа, откако гостите од Манчестер имале чиста ситуација да постигнат трет гол на самиот крај.
„Работите можеа да бидат многу полоши за нас да бидам целосно искрен. Тие имаа одлична шанса на крајот и работите можеа да бидат многу полоши отколку што се сега. Дефинитивно сум разочаран што изгубивме бодови дома, но ова е ситуација и мораме да одиме напред. Дојдовме до 2:1 и потоа моравме да се обидеме да ја контролираме играта и да ја задржиме топката повеќе од три или четири додавања. На моменти премногу лесно ја губевме топката и тогаш бевме поотворени отколку што требаше. Не сме совршени, се уште учиме и треба да учиме и од ова. Не го потценивме, тоа се измислици на медиумите, тоа нема врска со нас. Се подготвувавме за многу тежок натпревар. Не размислувавме за тоа“, изјави ван Дајк за „Би-Би-Си“.

