Ливерпул нема ништо против да го продаде младиот крилен напаѓач Бен Доак, но нема да прифати понуди по секоја цена.
Кристал Палас и Ипсвич ќе мора да ја зголемат својата првична понуда за 19-годишниот репрезентативец на Шкотска, доколку сакаат почеток на преговори. Се зборува дека и двата клуба најавиле понуди од по 20 милиони фунти, додека „црвените“ за него бараат околу 30 милиони фунти.
Доак настапува за Мидлсброу како позајмен, а на 21 меч сезонава во Чемпионшип има 2 гола и 6 асистенции. За него се интересираат и Фулам и Брентфорд.
Во март 2022 година, Ливерпул го купи Доак од Селтик за 600.000 фунти.

