Милан сериозно работи на трансфер на Маркус Рашфорд. Според Џанлука Ди Марцио, италијанскиот клуб сака да го земе 27-годишниот напаѓач на позајмица со опција за откуп. „Росонерите“ веќе испратија соодветен предлог до Манчестер Јунајтед .
Ситуацијата ја следи и Борусија Дортмунд, која исто така е во трка за неговиот потпис. Оваа сезона Рашфорд одигра 15 натпревари во Премиер лигата , постигна 4 гола и 1 асистенција.

