Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Анже Постекоглу, изјави дека дури и напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе се мачи во неговиот тим.
„Салах е играч од светска класа, но, ако го ставите кај нас, не сум сигурен дека ќе го покаже истото ниво со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме“ – изјави Постекоглу.
Салах во сезонава на 19 натпревари во англиската Премиер лига постигна 18 гола и забележа 13 асистенции.

