Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ја обвини топката за вчерашниот пораз од Њукасл во Купот на Англија. Неговиот тим на домашен терен загуби со 2:0 иако имаше неколку убави шанси за погодок.
„Мислам дека топката е причината за слабата реализација. Против Њукасл леташе многу и беше тешко да ја контролираме. Денеска можевме да дадеме три гола но, вакви работи се случуваат понекогаш“ – рече заврши Артета.
Реваншот меѓу двата тима ќе биде одигран на стадионот на Њукасл на 5 февруари во вечерниот термин.

