Тренерот на Борусија Дортмунд, Нури Сахин, откри дека дефанзивците, Валдемар Антон и Алмугера Кабар се болни и дека се под знак прашалник за петочниот натпревар против Баер Леверкузен.
„Малку сме зафатени од бранот на грип, ќе треба да почекаме и да видиме“ – рече Сахин на прес-конференција пред натпреварот со „фармацевтите“.
Во неговиот тим ќе го нема Никлас Шуле поради повреда и играчот од средниот ред, Паскал Грос, кој на претходниот меч заработи црвен картон.

