Манчестер Јунајтед се вклучи во борбата за грузискиот напаѓач на Наполи, Хвича Кварацхелија, пренесува „ЕСПН“ повикувајќи се на објавата на феанцуски „Л’Екип“.
Според изворот, Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди размена за Кварацхелија со напаѓачот Маркус Рашфорд.
Претходно беше објавено дека интерес за грузискиот напаѓач покажуваат Ливерпул и ПСЖ.
Квича за Наполи игра од 2022 година. Договорот на грузискиот напаѓач со италијанскиот клуб е до летото 2027 година. Според информациите дадени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 85 милиони евра.

