Советникот на раководството на Милан, Златан Ибрахимовиќ се осврна на темата за наводниот трансфер на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед на „Сан Сиро“.
Напаѓачот најверојатно ќе го напушти „Олд Трафорд“, а Милан е еден од кандидатите за неговиот потпис. Се тврди дека Рашфорд ќе се пресели во Милан на позајмица до крајот на сезоната, а потоа Милан трајно ќе потпише со него.
Во овој момент, сепак, нема напредок во преговорите кои се водат меѓу двата клуба во последните недели.
„Многу добро го познавам Рашфорд. Играв со него кога беше многу млад. Тој сега е возрасен и остварен фудбалер. Тој направи големи работи со Јунајтед и таков е неговиот клуб во моментов. Како да го убедам да дојде во Милан? Милан е еден од најголемите клубови во светот, сите сакаат да играат тука“, сподели Ибра.
„Ова е тешка операција, ќе видиме дали ќе успееме да се договориме со него“, додаде поранешниот напаѓач.

