Фудбалерот, Ренато Веига, од Челзи влегува во радарот на Борусија Дортмунд, тврди денеска весникот „Кикер“ повикувајќи се на извори од германскиот состав.
Веига во 2024 година за 14 милиони евра го напушти швајцарскиот Базел и се пресели на стадионот –„Стемфорд Бриџ“.
Тој не успеа да се наметне и има само 18 настапи за „сините“ од Лондон.

