Напаѓачот на Саудискиот Ал Наср, Кристијано Роналдо, кој на 5 февруари ќе наполни 40 години, ќе го продолжи договорот со клубот на една сезона. Ова го објави „АС“ повикувајќи се на „Ал Кабар“.
Актуелниот договор на напаѓачот со тимот од Саудиската Про лига истекува следното лето. Се најавува дека Роналдо веќе ја прифатил понудата за продолжување и е во најскоро време ќе следува официјално потпишување на договор. Кристијано, кој игра за саудискиот клуб од јануари 2023 година, треба да добие 200 милиони евра за една година од новиот договор. Португалскиот фудбалер ќе остане најплатен играч во светот и ќе заработува околу 3,8 милиони евра неделно.
Оваа сезона Роналдо одигра 18 натпревари за клубот во сите натпреварувања, на кои постигна 16 гола и две асистенции. По 14 одиграни натпревари, Ал-Наср е на третото место во Саудиската Про лига, со 28 бодови.

