Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Енцо Мареска, вели дека неговиот состав заслужил да победи на мечот со Бурнмаут кој заврши нерешено 2:2. По средбата одиграна на стадионот – „Стемфорд Бриџ“, домашниот тренер направи кратка анализа.
„Мислам дека заслуживме многу повеќе особено во првото полувреме. Тоа е фудбалот. Се разбира, најважно е да создаваме шанси“ – вели Мареска.
„Денеска примивме гол од пенал, тоа треба да се поправи. Се надевам дека ќе имаме повеќе среќа во иднина” – потенцираше тренерот на „сините“.

