Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Тиаго Мота зборуваше по ремито 1-1 на неговиот тим во 19. коло против Аталанта во Серија „А“.
„Дефинитивно не сме задоволни иако го ценам напорот на фудбалерите кои работеа заедно и одиграа одличен натпревар“, изјави Мота.
„Секогаш сакаме да победуваме и никогаш не сме имале проблеми со расположението“ – нагласи тренерот на „старата дама“ откако неговиот тим го одигра 13-от нерешен меч во сезонава.

