Медиумите во Англија тврдат дека Манчестер Сити постигнал договор со Ајнтрахт Франкфурт за трансфер на фудбалерот, Омар Мармуш.
„Граѓаните“ ќе платат за неговиот потпис 80 милиони вклучително со бонуси. 25-годишниот египетски репрезентативец ќе потпише договор до 2029 година.
Мармуш со 15 голови се наоѓа на второто место на листата на стрелците во Бундес лигата веднаш зад играчот на Баерн Минхен, Хари Кејн.

