Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, потпиша нов договор со „граѓаните“ до 2034 година, објавија медиумите во Англија.
Норвежанецот ќе има и клаузула за заминување од Манчестер во висина од над 150 милиони евра и тоа најрано во јули во 2029 година.
„Одлуката беше лесна. Манчестер Сити е посебен клуб со фантастични луѓе и неверојатни навивачи. Исто така, би сакал да му се заблагодарам на Пеп, неговиот тим, моите соиграчи и воопшто на сите во клубот што ми помогнаа толку многу во изминатите неколку години“ – изјави Халанд.

