Фудбалерот, Кајл Вокер, ќе го напушти Манчестер Сити и до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во екипата на Милан, наведува новинарот Џанлука Ди Марцио.
Во неговиот договор ќе има клаузула која ќе му овозможи да остане во Италија доколку „росонерите“ се определат да му понудат перманентен договор.
Вокер во 2017 година го напушти Тотенхем и се пресели на стадионот – „Етихад“. Тој во тековнава сезона галвно седи на клупата за резерви и затоа сака да си замине.

