Фудбалерите на Борусија Дортмунд продолжија со лошите партии во Бундес-лигата откако загубија на вчерашното гостување кај Ајнтрахт Франкфурт. Нивниот тренер, Нури Сахин, не крие дека е разочаран.
„Во првиот дел заостанувавме зад противникот. Им дозволивме на домаќините лесно да дојдат до ситуација да постигнат погодок“ – вели Сахин.
„Второто полувреме беше многу подобро. Дејствувавме енергично но, за жал, повторно останавме со празни раце“ – потенцираше тренерот на „милионерите“.

