Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше задоволен од играта на Мбапе во победата од 4-1 над Лас Палмас, во која францускиот напаѓач постигна два гола. Успехот го издигна шпанскиот шампион на првото место во поредокот.
Италијанецот истакна дека никогаш не се сомневал во квалитетите на 26-годишниот Мбапе и покрај неговиот тежок старт во Реал.
„Мбапе е најдобриот центарфор во светот, тоа не треба да биде доведено во прашање кога игра на таа позиција“, рече Анчелоти.

