Скаутите на Баерн Минех утре ќе го следат настапот на Осман Диоманде кој со неговиот Спортинг Лисабон ќе гостува кај Лајпциг во меч од Лигата на фудбалските шампиони.
Медиумите денеска наведуваат дека Германците размислуваат за можен трансфер на 21-годишниот репрезентативец од Брегот на Слоновата Коска.
Според изворот, тимот од Лисабон нема да го продаде фудбалерот за помалку од 50-60 милиони евра. Диоманде има договорот до 2027 година.

