Ерлинг Халанд откако го продолжи договорот со Манчестер Сити до летото во 2034 година, вели дека немал дилеми и дека веднаш ја прифатил понудата од „граѓаните“ за продолжување на соработката.
„Кога дојдов во Сити, се чувствував како дома. Навистина го мислам тоа. Среќен сум и моето семејство е среќно. Ме убедија дека останувањето овде е најдоброто решение“ – рече Норвежанецот и веднаш се насочи кон на прашањето дали некогаш може да заигра за Реал или Барселона.
„Штотуку продолжив за девет години. Многу сум среќен со одлуката што ја донесов” – рече корпулентниот голгетер.

