Фудбалерите на Аталанта конечно ја прекинаа лошата серија откако го совладаа Штурм со убедливи 5-0 во седмото коло во Лигата на шампионите. Нивниот тренер, Џан Пјеро Гасперини, вели дека триумфот им бил потребен за враќање на самодовербата.
„Ни требаше победа. Таа дојде во вистинско време. Добро ни оди на турнирот“ – изјави Гасперини.
„Натпреварите од Лигата на шампионите носат голем престиж. Тоа ќе биде голем поттик за нас да се соочиме со Барселона“ – потенцираше тренерот на екипата од Бергамо.

