Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го посочи тимот кој не сака да го има за противник доколку „кралевите“ не успеат да влезат во Топ 8 и да ја скокнат првата фаза на елиминации.
„Според мене, ќе биде добра вест ако Манчестер Сити не ни се најде на патот. Навистина го мислам тоа бидејќи Сити и натаму е сериозен фаворит за освојување на Лигата на шампионите“ – потенцира Италијанецот.
Познато е дека со новиот формат во ЛШ, првите 8 екипи ќе бидат слободни во наредната фаза додека тимовите од 9-то до 24-то место ќе играат во елиминации.

