Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, кој е дел од Хрватската репрезентација на тековниот Мундијал, во изјавата за Спортско Радио 90,3 вели дека со внимание го следи настапот на нашите ракометари.
„Ја гледам македонската репрезентација и воодушевен сум како играат, секоја чест на Кире Лазаров како селектор и на младите играчи предводени од капитенот, Филип Кузмановски, мојот добар пријател. Одлична игра и се надевам дека ќе продолжат со тоа темпо“ – изјави Карачиќ за Спортско радио 90,3 ФМ и се насочи кон наредните мечеви на „коцкестите“.
„Не се знае, ништо не се знае. Ние ќе одиме да победиме на секој меч, в петок против Исланд, в недела против Словенија. Се надевам дека ќе се наредат коцките и дека ќе успееме да дојдеме до победа уште против Исланд, тоа ќе биде навистина тешка фајтерска средба“ – рече поранешниот играч на Вардар за Спортско радио 90,3 ФМ.

