Маркус Рашфорд сака да се пресели во Барселона.
Според Мундо Депортиво, напаѓачот на Манчестер Јунајтед е подготвен да преземе намалување на платата за да замине на позајмица во каталонскиот клуб.
Барса треба да ги средат правилата на Финансискиот фер-плеј во случај да сака да го ангажира, барем до крајот на сезоната. Рашфорд оваа сезона постигна 4 гола на 15 натпревари во Премиер лигата .

