Професионалната асоцијација на фудбалски судии (ПГМОЛ) излезе со соопштение за заканите кон судијата Мајкл Оливер поради исклучувањето на дефанзивецот на Арсенал, Мајлс Луис-Скели на натпреварот од 23. коло на англиската Премиер лига со Вулверхемптон.
– Полицијата е запознаена со случувањата и веќе се покренати неколку истраги. Ние стоиме со Мајкл и сите сме посветени на борбата против такво неприфатливо однесување, се вели во соопштението на здружението на социјалната мрежа Х .
Судијата Оливер на мечот одигран во саботата се одлучи да го ислучи Скели поради намерен старт врз Мет Доерти со цел да го прекине контра-нападот на домаќините.

