Фудбалерот на Аталанта, Адемола Лукман, почувствувал болка во коленото за време на денешниот тренинг и веднаш бил испратен на детални прегледи по што е утврдено дека има проблем со лигаментите на коленото и мора да пауза од три до четири недели.
Тој нема да игра утре во ЛШ а потоа и на мечевите со Торино, Болоња, Верона, Калјари и Емполи во Серија „А“.
Тимот од Бергамо е на добар пат да влезе во Топ 8 во ЛШ. Засега котира високо и во шампионатот на Италија.

