Екипата на Тотенхем ќе биде засилена со враќањето на централниот дефанзивец, Мики ван де Вен, кој се опорави од повредата на препоните, соопштија денеска од редовите на „Спарси“.
23-годишниот холандски репрезентативец се здоби со повреда на лондонското дерби против Челзи одиграно во почетокот на декември.
Англискиот клуб утре на домашен терен ќе игра со шведскиот Елфсборг во Лигата на Европа.

