Фудбалерите на Арсенал, Мартин Одегард и Микел Мерино, кои не играа на последниот меч против Вулверхемптон, се вклучени на списокот за денешното гостување кај Џирона во последната рунда во Лигата на шампионите.
Норвежанецот беше болен а Шпанецот имаше полесна повреда. Менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, за средбата во Шпанија ќе го има на располагање и Каи Хаверц, кој го одработи вчерашниот тренинг.
Арсенал иако го има третото место на табелата, не е сигурен дека ќе обезбеди директен пласман во 1/8 финалето во елитата на Европа.

