Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, најави дека ќе ги одмори првотимците за мечот со ПСВ Ајнтховен во последното коло во групната фаза во Лигата на шампионите. „Црвените“ се неприкосновени лидери на табелата и за нив бодовите немаат значење.
„Ние размислуваме само за победа. Нема значење кој ќе биде на теренот, тие што ќе добијат шанса треба да ја искористат“ – вели Слот.
„Ми требаше време да го разберам новиот формат, но, сега сум 100% сигурен дека не е важно дали ќе завршиме први или втори“ – рече тренерот на англискиот состав.

