Италијанските медиуми наведуваат дека луѓето од Наполи се на само еден чекор да го обезбедат напаѓачот на Борусија Дортмунд, Карем Адејеми.
Според објавеното, италијанците ќе платат околу 50 милиони евра за брзоногиот напаѓач кој во сезонава одигра 14 средби на кои постигна пет голови.
Германскиот репрезентативец практично треба да биде замена за Квича Кварахцелија кој замина во францускиот ПСЖ.

