Напаѓачот на германскиот шампион Баер (Л), Виктор Бонифejс ќе остане со шампионот во Бундеслигата и нема да се пресели во Саудиска Арабија, изјави тренерот на германскиот тим Чаби Алонсо.
„Тој повторно ќе тренира со нас утре и ќе разговараме. Среќен сум што останува“, изјави Алонсо по победата над Спарта Прага од 2:0 во ЛШ.
Бонифејс се поврзува со трансфер вреден 70 милиони евра во Ал Наср, каде што игра Кристијано Роналдо.
Тој не учествуваше на тренингот на Баер Леверкузен во вторникот, не беше дел од тимот вчера, но очигледно трансферот пропадна.

