Колумбискиот напаѓач од Астон Вила, Џон Дуран кариерата ја продолжува во Саудиска Арабија кај Кристијано Роналдо. Иако се чинеше дека Астон Вила ќе може да одолее на богатата понуда, сепак се согласи на понудените 77 милиони евра за фудбалерот, кои со бонуси воопшто нема да бидат мали, па целата зделка може да достигне и до 90 милиони евра.
Новиот клуб на Џон Дуран ќе биде Ал Наср. Младиот Колумбиец, кој изгледаше како ѕвезда во создавањето на светскиот фудбал сега останува да се види како ќе се снајде во Саудиска Арабија.

